Три злата, две сребра и три бронзи за македонските кикбоксери на „Туркиш опен“

Kik bokseri na Turkis open 2016

Македонските кикбоксери освоија осум медали на Светскиот куп „Туркиш опен 2016“ во Анталија, кој се одржа викендов, од кои три злата, две сребра и три бронзи.

Boban Ilioski prv na Turkis open 2016

Како што објавивме вчера златни медали освоија Марија Божиноска во +70 кг во кик лајт (Гладијатор- Скопје), Бобан Илиоски -75 кг во лоу кик (Шампион Скопје), а им се придружи и Таки Гогов – 89 кг во кик лајт (Будо Велес).

Magdalena Bozinovska prva na Turkis open 2016

Сребрени медали освоија: Блашко Петкоски -74 кг- кик лајт (Сен Сеи Гостивар), Александар Димовски +91кг – (Самурај Битола).

Бронзени се: Софијана Марковска -60 кг – кик лајт (Гладијатор Скопје), Дарко Најдов -63 кг – кик лајт (Гладијатор Скопје) и Роберт Костовски -63 кг – кик лајт (Гладијатор Неготино).

На турнирот учествуваа 1083 спортисти од 12 земји од целиот свет.

Од таборот на нашиот состав велат дека кикбоскерите се претставиле во одлично светло, а ќе биле уште поуспешни доколку не била пристрасноста на судиите спрема домашните претставници, поради судиска неправда останале без медали.

Ipon.mk/В. Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON