Три фудбалски стадиони влегуваат во битка за домаќин на реваншот меѓу Ентони Џошуа и Енди Руиз. Реваншот за титулата светски шампион во тешка категорија се очекува да биде во ноември.
„Имаме разговори со Вајт Харт Лејн, Вембли и Кардиф“, изјави Еди Херн за ИФЛ ТВ и додаде:„Желбата на ЕЏ е да се бори на Вембли. Но тогаш времето не е добро. Не сум сигурен оти Енди Руиз сака дожд. Ентони сака борбата повторно да се одржи во Медисон сквер гарден“.