Три победи за боксерите на Вардар во Регионалната бокс лига

Боксерите на Вардар извојуваа три победи во првото коло на Регионалната бокс лига кое се одржува во Бања Лука, Босна и Херцеговина.

„Ален Рустемов победи со прекин во прва рунда, а Ружди славеше на поени 3-2. Илхан Озмен го декласирасе  српскиот вицедржавен првак со резултат 5-0.

Дион Лена загуби со дисквалификација  во втора рунда поради 3 јавни опомени, за глава и широк удар.

Ајхан Озмен изгуби 3-2 од далеку поискусниот противник Владимир Губас, но не му се даде лесно, ќе се сретнеме повторно и борбата ќе биде во наша полза“, велат од нашиот табор.

Да потсетиме, од оваа година Регионалната лига ќе биде турнирски систем.

Резултати:

Младинци
57 кг Ален Рустемов – Милан Чакширан (Сомбор) 3-0, ТКО Р1
60 кг Руждија Рустемов – Филип Џида (Раднички) 3-2

Сениори
63,5 кг Илхан Озмен – Стефан Филиповиќ (Нови Пазар) 5-0
67 кг Душан Прица (Лозница) – Дион Лена 3-0, диквалификација Р1
71 кг Владимир Губаш (Сомбор) – Ајхан Озмен 3-2

Денес боксираат

60 кг Џиновиќ Томислав (Лозница) – Ружди Рустемов (Вардар) јуниори 60 кг.
63,5 кг Гајиќ Милош (Славија) – Илхан Озмен (Вардар) сениори

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО