Три медали за Паунд фор паунд на „Српскиот граплинг куп“ (ФОТО)

Паунд фо рпаунд од Битола „Српскиот граплинг куп“ во Кула, Србија, освои три медали со четворица натпреварувачи.

Медалите ги освоија: Ѓорги Таневски – злато, Филип Божиновски – сребро и Игор Додевски – бронза.

На Купот учествиуваа над 300 натпреварувачи од регионот.

„Севкупно 6 победи и 3 порази. Мали моменти одлучуваа во некои од борбите што ги загубивме, но тоа е она што во иднина ќе се подобри и ќе се демонстрираат подобри перформанси. Четири од победите се со завршница (гушења и естима лок)и две победи на поени, еден пораз со завршница и два тесни порази на поени, при што тактичкиот пристап во борбата беше клучен за победата, што овај пат не беше на наша страна, но следен сигурно ќе биде многу подобро“, вели тренерот Сашко Мирчевски и додава:

„Покрај повредени натпреварувачи, беше и сериозно тешкиот финансиски проблем да учествуваме на вакви настани. Имајќи ја предвид цела ситуација со Ковид-19 случувањата, задоволни сме од добрите перформанси од овај турнир. Продолжуваме да се бориме со сите фактори и препреки за да го донесеме македонскиот граплинг на едно многу повисоко ниво“.

Миречевски за заблагодарува на главните помагатели за овај турнир.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON