Генералната проба за караристите на Кизаме на Меѓународниот турнир „Марсеј опен“ во Франција е успешна, освоија три медали, по еден златен, сребрен и бронзен медал. Илијана Серафимова се закити со злато, Мила Николова со сребро, а Јован Врклевски бронза, додека Андреј Стојчевски во борбата за брозениот медал загуби.
Турнирот беше последна проверка пред Европското првенство за кадети, јуниори и и У-21 во Биелско Бијала, Полска, од 4 до 6 февруари, каде што ќе настапат Серафимова, Стојчевски и Врклевски.
„Формата на натпреварувачите е на потребното ниво. Сите направија квалитетни борби, и што е најбитно, натпреварот го завршија без побреди. Останува да се доработат последните две недели во кои ќе се обрне внимание на тактичко-техничкиот дел“, изјави тренерот Дејан Ристески.
На турнирот настапуваат 774 каратисти со 784 натпреварувачки влезови од 34 држави.
Резултати Марсеј опен:
Кадети
-54 кг
Мила Николова – Манон Френсес (Франција) 4-3
Мила Николова – Ранија Ел Мутади (Франција) 6-0
Мила Николова – Наз Јешим Темиз (Турција) 3-3
Финале
Мила Николова – Мирај Синем Ердоган (Турција) 2-6
Јуниори
-53 кг
Илијана Серафимова – Леила Мансури (Франција) 2-0
Илијана Серафимова – Марта Еча (Франција) 4-1
Илијана Серафимова – Леилани Енгдал (Шведска) 4-0
Финале
Илијана Серафимова – Сар-Икрам Уикене (Франција) 2-1
-61 кг
Андреј Стојчевски – Нолан Морлет (Франција) 6-1
Андреј Стојчевски – Нојал Бухараз (Франција) 4-0
Андреј Стојчевски – Рајан Шател (Франција) 4-1
Полуфинале
Андреј Стојчевски – Славаторе Серино (Италија) 2-6
За бронза
Андреј Стојчевски – Дердаи Аиса (Алажир) 4-8
-68 кг
Јован Врклевски – Амари Месуд (Франција) 1-0
Јован Врклевски – Пабло Паскал (Франција) 3-1
Јован Врклевски – Јунус Туре (Франција) 3-1
Полуфинале
Јован Врклевски – Ахмед Насер (Шведска) 0-8
За бронза
Јован Врклевски – Жермие Хернандез (Франција) 1-1