Два сребрени и еден бронзен медал за Кик боксинг клубот АС од Делчево на Меѓународниот турнир „К-1 трофеј на Ниш“ кој се одржа викендов во Ниш-Србија.
Сребрени медали освоија Дилан Ивановски (-32 кг) и Павел Стојчевски (-28 кг), а Филип Јовановски (-42 кг) бронзен, сите во кик лајт.
„Успешно ја завршивме годината освојувајќи два сребрени медали и еден бронзен во кадетска конкуренција“, изјави тренерот на клубот Љупчо Стојчевски.
Ipon.mk/В.Д.