Три години затвор за поранешниот боксерски шампион

Поранешниот светски шампион во бокс, Феликс Штурм, е осуден на три години затвор, откако беше прогласен за виновен за затајување данок, објави судот во Келн.

41-годишниот Штурм затаил даноци повеќе од милион евра 2008-2010 година, како и во 2013 година. Првично, германскиот боксер мораше да плати повеќе од пет милиони евра на државата, но ова обвинение беше поднесено пред официјалното влегување на делото во судска постапка.

Штурм, кој има германски и босански пасош, помина осум месеци во притвор во април 2019 година, по што плати кауција од 300.000 евра и беше пуштен на слобода.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON