Во денешните полуфинални борби на Меѓународниот боксерски турнир „Златна мимоза“ во Игало- Црна Гора, репрезентативците на Македонија имаа успешен настап.
„Лулзим Бајрами во една јака и рамноправна борба го победи моментално најдобриот албански боксер Арјон Кајоши. Имаше и жалба од страна на албанскиот тренер за одлуката на судиите. Јасин Лама изгуби со тесен резултат 2-1 од италијанскиот вице шампион Франческо Сплендори. Всушност, тоа беше финална борба“, вели тренерот на репрезентацијата Насер Харуни.
Во утрешното финале ќе настапат Лулзим Исмаили против шампионот на Италија Винченцо Арекија кој беше олимписки првак за млади и европски шампион за млади.
Ipon.mk/В.Д.