Младите џудисти на ЏК Чурин од Битола освоија три бронзени медали на „Илијадис купот“ во Грција. Медалите ги освоија Петар Петров, Марин Тошевски и Дамјан Петкоски.
„Добри борби и пожртвуваност прикажаа децата во голема конкуренција. Освоивме три медали, иако еден од нив требаше да биди сребрен. Петар Петров имаше три победи и еден пораз“, вели тренерот Ристо Димитров Чурино.
Покрај медалистите од Чурин, освојувачи на медали има и кај Работнички, две злата, и кај Ипон, прва е Арбреша Реџепи.
Ipon.mk/В.Д.