Владимир Кличко продолжува да ги подгрева гласините за неговото враќање во рингот. Поранешниот долгогодишен светски шампион во тешка категорија не се борел по поразот од Ентони Џошуа на стадионот Вембли во април 2017 година.
Речиси осум години по таа борба, се уште се шират гласини дека тој би можел да се врати, бидејќи наводно сака да го собори рекордот на најстариот светски шампион во тешка категорија. Тој рекорд моментално го држи боксерската легенда Џорџ Форман, кој беше шампион на возраст од 46 години и 169 дена.
Кличко во март полни 49 години, па дефинитивно би го соборил рекордот доколку повторно ја освои светската титула, но останува прашањето за неговата физичка кондиција.
Во декември пишувавме за тоа како саудискиот промотор Турки Алалших изјави дека сонува да му даде шанса на Кличко да ја врати светската титула и да го собори рекордот на Форман.
Еден потенцијален противник за враќање на Кличко можеше да биде Тајсон Фјури, доколку Фјури го добиеше реваншот против Александар Усик на 21 декември.
Зборувајќи пред таа борба, Кличко беше запрашан на ТВ Фајт хаб дали сè уште мисли дека е способен да победи борци како Фјури:
„Секако“, самоуверено одговори Украинецот.
Кличко потоа објасни зошто е толку сигурен во својот успех:
„Зошто има гласини? Затоа што останав активен и тренирам секој ден откако се пензионирав во 2017 година. Дали сè уште го имам тоа во мене? Се разбира. Дали сум подготвен? Се разбира. Дали сум спарингувал? Се разбира”.
„Овие прашања за враќањето… Никогаш не заминав. Многу работи може да се случат догодина. За жал, многу зависи од војната што се води во нашата татковина, Украина“.
Многу поверојатен противник за Фјури сега е многу очекуваната борба против друг поранешен противник на Кличко, Ентони Џошуа.