Џошуа Фабиа е еден од најконтроверзните тренери во ММА.
Фабија досега користел невообичаени техники кои вклучуваа лебдечки сесии на вода за борците да најдат внатрешен мир, длабоки медитации или запознавање на чакрите, а сега излезе и видео што значително отстапува од името на училиштето. На неа се гледа како Фабија ги брка своите ученици низ кафез со нож во рацете.
Footage : @DiegoSanchezUFC https://t.co/fh7F7Wmcra pic.twitter.com/c8uM7aXEYD
— Emil Valhalla Meek (@emilvalhalla) September 18, 2020
Фабија се најде под силна критика од ММА заедницата претходно оваа година, откако му даде совет на Диего Санчез во борбата против Мишел Переира. Еден од советите беше: „Сенка! Стани сенка!” Санчез победи откако Переира го удри во меѓуножјето, а тој одби да продолжи со борбите и ја доби победата поради дисквалификацијата на противникот.