Тренерот: Сакам Федор да го победи Бадер во партер и да докаже дека самбото е поефикасно од борењето

Федор Емелијаненко (38-5-1НЦ) на 26 јануари во Лос Анџелес ќе се обиде да стане шампион во тешка категорија на Белатор.

42-годишниот поранешен шампион на Прајд во Гран-при финалето ќе се бори за слободната титула против Рајана Бадер (26-5). 35-годишниот Американец има боречка позадина. На Универзитетот во Аризона, тој беше тимски колега со Каин Веласкез.

Бадер е 4-0 во Белотор а Русинот 2-1.

Федор повеќе од 10 години дел од подготовките ги прави во Холандија, земја која се уште е европски кик бокс центар.

Таму тренира борба во стој со Питер Тејсе. Холандскиот тренер се надева дека следната борба Федор ќе ја добие во партер, за да докаже пред американската публика дека самбото е поефикасно од борењето во ММА.

„Во Америка има многу борци познати по доброто борење, но во Русија го имаат самбото. Многумина во Америка не ја сфаќаат предноста на самбото, самбото е многу поблиску до ММА од борењето. Драго ми е што Американците не го разбираат тоа, бидејќи тоа го прави Федорa непредвидлив во кафезот, ова е најдобрата карта од ракав што може борец да ја има. Сакам Федор да го заврши во партер, затоа штоо Американците зборуваат за нивното славно борење, но ќе видат дека и во сопствената земја не се најдобри, бидејќи самбото е поефикасно“, рече Тесје за руските медиуми во пресрет на финалето на Гран-прито.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON