Тренерот на рускиот национален тим во бокс, Александар Лебзјак, вчера доби отказ. Неговата судбина го снајде и директорот на федерацијата, Евгениј Судаков, кој е поранешен боксер и елитен судија.
Одлуката била донесена на седница на Управниот одбор. За неа не биле известени Лебзјак и Судаков.
Тренерот го изнесе во јавност скандалозното однесување на своите боксери за време на Олимпијадата во Рио. Тој објави дека со себе земал туристи и рече дека врз него направен притисок да земе одредени боксери за ОИ.
„Нема да се предадам, а ќе се борам. Сега сум на одмор. Немаат право да ме отпуштат“, го коментира своето разрешување за рускиот печат Лезбјак кој е олимписки шампион од Сиднеј.