Тренерот на Нгану верува дека Арапите може да организираат борба со Џонс

Ако некој може да ги стави Френсис Нгану и Џон Џонс во кафез, тоа ќе бидат арапските шеици.

Неодамна стана pпознато дека еден од најстрашните борци во тешка категорија, поранешниот шампион на УФЦ Френсис Нгану се враќа во ММА. По два боксерски меча, Нгану ќе дебитира во ПФЛ во борба против шампионот на организацијата Ренан Фереира.

Сепак, Камерунецот сонува за поинаква борба – борба за величина против Џон Џонс. Веќе толку многу е кажано за суперборбата што никогаш не се случила. Нгану се раздели со УФЦ на почетокот на 2023 година, ослободувајќи ја титулата што тогаш ја освои Џонс.

Џонс моментално се подготвува за Стипе Миочиќ во ноември и Нгану за Фереира во октомври. Ерик Никсик, тренерот на Нгану, верува дека борбата со Џон е можна. Никсик тврди дека парите се сè и арапските пари можат да ја организираат оваа борба.

„Не еднаш кажав дека Џон Џонс е најдобриот што некогаш се борел. А ако сте вистински конкурент, сакате да се борите со најдобрите. Очигледно, Френсис сака да ги покаже своите најдобри квалитети. Јас сум голем оптимист кога станува збор за овие работи. Мислам дека парите се сè.

Имаме добри односи со Саудиска Арабија и знам дека УФЦ исто така соработува со таа земја. Со сета почит кон Дана, и тој има шеф. А тие може да му кажат: „Еј, пријателе, можеш да заработиш многу пари таму. Ќе ја водиме оваа борба, тргнете го вашето его на страна“, рече Никсик.

Џонс неодамна објави дека оваа година ќе ја заврши кариерата. Џонс против Нгану е борба која веројатно никогаш нема да ја видиме.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО