Тренерот на Нгану најави скорешно враќање на камерунскиот удирач

Шампионот на УФЦ во тешка категорија Френсис Нгану во јануари ја одбрани титулата со победата против Сирил Гане, а набргу потоа отиде на операција на коленото.

Камерунскиот удирач често на социјалните мрежи објавува фотографии и видеа од тренинг, од кои можеме да заклучиме дека успешно се опоравува, а наскоро би можел да се врати во акција.

Пред неколку недели се појави информација дека Нгану би можел да ја има својата камбек борба против Џон Џонс, а подоцна веќе не се зборуваше за тоа.

Тренерот на Нгану, Деви Купер, истакна дека Френсис следната година го чекаат големи работи.

„Никогаш не сте го виделе Франсис кој сега доаѓа, ќе биде подобар од пред повредата, изгледа космички. Нгану ќе биде подобар, посилен, поподвижен“, рече Диви Купер и додаде:

„Кога нешто ќе биде официјално, ќе ги засилиме подготовките и ќе подигнеме се до максимум. Френсис следната година го чекаат огромни работи“.

Сега едвај чекаме да видиме кого УФЦ ќе го избере за следен противник на Френсис. Дали тоа ќе биде Џон Џонс, Стипе Миочиќ или некој друг?

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Francis Ngannou (@francisngannou)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Francis Ngannou (@francisngannou)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON