БЏЏ ѕвездата Дилан Денис потпиша за Белатор.
23-годишниот Американец е тренер и главен тренинг партнер за граплинг на УФЦ шампионот во лесна категорија Конор Мек Грегор.
„Сакам да се борам со најдобарите, како што тоа го прави и Конор. Ние сме различни луѓе, но многу слично мислиме. Поставуваме високи цели и не се плашиме да ги обистиниме. Според мое мислење, тој е најдобриот на сите времиња и ако луѓето не споредуваат, па како тоа може да биде лошо за вас? Тоа е како да сте кошаркар и да ве споредуваат со Мајкл Џордан. Во суштина луѓето би сакале да не споредуваат“, изјави за Јаху.
„Тој е неверојатен и има неверојатна аура на самодоверба. Шампион е со причина. Но, јас сакам да тргнам по својот пат и да го направам тоа на мој начин“.
Денис има црн појас во бразилско џиу џицу под Марсел Грејси. Тој е ИБЏЏФ/IBJJF светски шампион во конкуренција кафеави појаси.
Првата ММА и борба за Белатор планира да ја направи на крајот на годината. Првиот ќе се бори во велтер категорија, а потоа ќе размисли за спуштање во лесна категорија“.
.