„Само што се враќаме од седундневните тренинзи во Исланд, а пред тоа бевме една недела во Португалија. Вкупно, две недели сме на пат, а за случајот разбрав уште во почетокот на првата.
Разбрав за намерите на УФЦ, исто така и дека Мек Грегор и менаџменотот се обидуваат да ја заобиколат или одложат медиумската презентација во Лас Вегас. Ќе бидеме ослободени од обврските во текот на наредните пет недели пред настанот, зашто тогаш не го направија тоа наместо сега, кога Мек Грегор целосно се концентрира на подготовките. Им го предложивме Њујорк како алтернатива, бидејќи може да биде направено штобило само за викенд. За жал, од УФЦ ги отфрлија сите алтернативи“.
Тоа го кажа тренерот Каванаг за несогласувањата меѓу УФЦ и Конор Мек Грегор. Според него, од организацијата немале желба за расположението на Конор и по секоја цена да работат заедно.