Тренерот на Махачев ќе го поддржи Ислам во обидот да освои титули на УФЦ во три категории

Хавиер Мендез, тренерот на Ислам Махачев, го поддржува неговиот борец да стане шампион на УФЦ во три категории. Дагестанецот неодамна по четврти пат ја одбрани титулата во лесна категорија.

На големиот настан на УФЦ 311 минатиот викенд во Инглвуд, Махачев со завршница го победи бразилскиот предизвикувач Ренато Моикано, кој ден претходно влезе како замена за Арман Царукјан.

Доколку дагестанскиот борец продолжи да доминира во октагонот во лесна категорија, нема причина еден ден да се реши да атакува на титулата во друга тежинска категорија на најголемата светска ММА организација.

Првиот чекор кон ова достигнување би бил предизвикот на актуелниот шампион на УФЦ во полусредна категорија, Белал Мухамед, но Мендез тврди дека тоа би било огромен предизвик за Махачев.

„Ако сака да стане шампион во три тежински категории, треба да го чека поразот на Белал. Само кога Белал ќе загуби, Ислам стопроцентно ќе се обиде да добие шанса да се бори за титулата во полусредна категорија“, рече Хавиер Мендез и продолжи:

„Но, ако Белал остане, тогаш не би сакал Ислам да влезе во тоа. Но, одлуката ја носат борците, а не ние. Ако сака да се бори против Мухамед, тогаш ќе мора да го поддржиме Ислам. Тој е мојот борец, а јас сум негов тренер. А Хабиб му е тренер. Ќе ја поддржиме секоја негова одлука“.

Познатиот ММА тренер смета дека Махачев нема сериозна конкуренција во повисоката категорија и може да се бори со секого.

„А Кога станува збор за средна категорија, апсолутно. Ако сака да се бори таму, може да го направи тоа веднаш. Ќе му биде малку потешко, но верувам дека таму не би имал многу проблеми. Ислам таму би можел добро да се снаоѓа“, подвлече Хавиер Мендез.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО