Засега не се знае кога Ислам Махачев, шампионот во лесна категорија, ќе се врати во кафезот на УФЦ.
Неговиот тренер Хавиер Мендез смета дека тоа треба да се случи што поскоро и не сака да ги чека следните борби за да го избере следниот предизвикувач за титулата. Дана Вајт пред извесно време објави дека Чарлс Оливеира и Арман Царукијан ќе се борат за неприкосновената титула во лесна категорија.
Борбата ќе се одржи за време на настанот УФЦ 300 на 13 април во Т-Мобиле арената во Лас Вегас. Мендез не сака Ислам да чека толку долго и наместо тоа сака да се бори со Дастин Пориер. Во интервју за ММА Манија, Хавиер рече:
„Вистината е, сакам да го видам повторно како се бори. Не е важно кој. Не е важно. Сакам да се бори бидејќи е подготвен за тоа. Ако е Дастин, одлично! Ако е Џастин, одлично! Но, денес се фокусирам на тоа кој прв ќе биде достапен, а тоа е Дастин.
Не знам како ќе заврши борбата на Џастин. Не знам што ќе се случи во борбата меѓу Чарлс и Царукјан. Можеби победникот ќе добие некои повреди. Колку време треба да чека Махачев за да се бори? Значи, јас сум за борбата со Дастин.
Тој е голем борец и личност. Денес, Пориер е совршен кандидат за борба“, изјави Мендез.
View this post on Instagram