Тренерот на Каин:Вердум нема шанси, Веласкез ќе го убие!

kain verdum eden na eden

Каин Веласкез и Фабрицио Вердум ќе ги унифицират титулите во тешка категорија на УФЦ во УФЦ 188. Настанот ќе се одржи следниот викенд во Мексико Сити, Мексико. Макар и да не се бореше во октагона од 2013 година, тренерот на Каин, Хавиер Мендез смета дека неговите противници се без никакви шанси за победа.

 „Многу сум уверен за овој меч. Тој ќе го убие. Вердум нема шанси. Каин ќе прави со него што сака. Жуниор дош Сантош е поголема закана за Каин. Со сета почит кон останатите борци, но Каин и Жуниор се на сосема различно ниво. Зборувам со факти. Вердум може и да докаже дека не е така, но многу се сомневам“.

 Многу од навивачите сметаа дека оваа средба нема да се одржи поради честите повреди на Мексиканецот, но Мендез изјави дека овој пат повредата на коленото му била од претренираност.

 „По една година вежбање и година надвор од тренажниот процес, коленото ми се оправи“ истакна Веласкез.„Бев повреден и не можев да го направам она што го сакав. Не беше чесно спрема мене, не беше фер и спрема навивачите“. Двајцата борци ќе се сретнат на 13 јуни во овој долго очекуван дуел во тешка категорија? На кого би се обложиле?

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON