Тренерот на Хабиб истакна од што стравува во мечот со Конор

Пред првата одбрана на титулата од страна на Хабиб Нурмагомедов, неговиот тренер Хавиер Мендез истакна за што се грижи за мечот со Конор Мек Грегор.

Хабиб се подготвува за најголемата битка во својот живот, но, како борец, ја има потребната психичка моќ да се справи со тоа.

Истото важи и за Мек Грегор. Конор е поставен да биде во центарот на вниманието, но нема сомнение дека тоа ќе биде еден од најголемите моменти за него.

Тренерот на Нурмагомедов ги изнесе своите ставови за Мек Грегор и објасни дека ќе бидат добро подготвени за УФЦ 229.

Во неодамнешното интервју Мендез ги прокоментира вештините на Ирецот и она на кое е потребно да се посвети поголемо внимание за да нема изненадувања.

„Нема план. Нема како да се бориме со негово стоење – ќе изгубиме. Хабиб исто така може да му наштети во стоечка положба, но нема да се ограничуваме на тоа“.

„Ако се борат во стој, ќе паднеме – не можеме да победиме“.

„Тој има голема моќ, добар тајминг и се бори опуштено. Навистина, неговиот тајминг многу ме загрижува“.

“Мојата работа е соодветно да го подготвам Хабиб, затоа што немаме право на неуспех“.

„Тој е премногу опасен“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON