Тренерот на Френсис тврди: Нгану е сериозно загреан за боксерскиот меч против Дионтеј Вајлдер

Откако Френсис Нгану го напушти УФЦ, неколку промоции за борба ја покажаа нивната желба да го доведат камерунскиот борец.

Но, Предаторот веднаш стави до знаење дека покрај слободните борби е заинтересиран и за боксерски натпревари.

Имено, тој се надева дека борбите против познати боксери би му донеле добра заработка.

Нгану веќе некое време сака борба против Тајсон Фјури, но додека Кралот на Ромите и Усик договараат меч за апсолутен шампион во тешка категорија, Френсис мора да се сврти кон други можни противници.

Неодамна доби понуда од поранешниот шампион Дионтеј Вајлдер, а на оваа тема се осврна и тренерот на Нгану, Ерик Никсик.

„Разговаравме минатата недела и се договоривме Френсис прво да има еден боксерски меч. Френсис навистина сака да боксира. Бараме тренер за бокс или теретана каде што би можел да тренира бокс. Сега му се нуди можност да боксира против Дионтеј Вајлдер, а сериозен кандидат е и Ентони Џошуа“, изјави Ерик Никсик и додаде:

„Зборуваше за Тајсон Фјури, а го спомна и Енди Руиз. Слушнав како зборува за нив, но најчесто го спомнуваше Дионтеј Вајлдер. Сега треба да видиме како ќе се одвива работата. Но, мило ми е што Френсис се врати во теретана и почна да тренира“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON