Енди Ли, тренерот на Тајсон Фјури, неодамна откри кој ќе биде најтешкиот противник на шампионот во тешка категорија на ВБЦ во моментов, а не е неговиот следен против Александар Усик.
Имено, на 17 февруари Фјури и Усик ќе боксираат во меч за обединување на четирите појаси во дивизијата. Последниот апсолутен шампион во тешка категорија беше Ленокс Луис пред повеќе од 20 години.
Мечот за обединување на титулата ќе се одржи на почетокот на 2024 година, а потоа ќе има барем уште една пресметка меѓу Фјури и Усик, бидејќи поразениот може да ја активира клаузулата за реванш.
Деновиве Ли изјави дека Фјури се подготвува за нови предизвици и едвај го чека мечот, а истакна дека Украинецот не му е најтешкиот противник во категоријата во моментов, туку тој што двапати го победил.
„Да, тоа е Вајлдер. Тајсон заврши со него и сега прави неколку бонус натпревари“, рече Енди Ли, свртувајќи се кон следниот противник на Фјури:
„Усик е помал, постар, но со богата аматерска кариера. Тој е долго време во боксот, исто како и Тајсон.
Тренерот се осврна и на боксерските квалитети на поранешниот апсолутен шампион во крузер категорија.
„Сите зборуваат за работата со нозе на Усик и неговите боксерски вештини, но мобилноста и вештините на Тајсон се исто толку добри. Тој е вешт, ми се допаѓаат источноевропските борци, бидејќи зад нив стои методична работа, тоа е наука… Со овие момци нема погаѓање“, истакна Енди Ли и подвлече:
„Има одлични финти и е многу подвижен, но Тајсон најде добри спаринг партнери и е подготвен за овој предизвик. Никогаш не сум го видел Тајсон толку мотивиран, ниту пред година-две кога се споменуваше борбата со Усик. Фјури ќе биде подготвен за тој меч“.