Тренерот на ММА ѕвездата Тони Фергусон – Рашад Халавеј, смета дека неговиот пулен ќе го нокаутира Хабиб Нурмагомедов.
Долго очекуваното дерби во лесна категорија ќе се одржи на 7 април во Бруклин (САД). Мечот е за привремената титула на УФЦ во лесна категорија.
„Во последните неколку месеци Тони не престанал да тренира во салата, така, ги почна подготовките за борбата со многу добра физичка кондиција. Фергусон може да победи секого. Мојата претходна прогноза беше победа со сабмишн. Овој пат очекувам Тони да победи со нокаут“.
https://youtu.be/ZPmaZr6NFnc
.