Тренерот на британскиот боксер во тешка категорија Даниел Дубоа, Дон Чарлс, го обвини Украинецот Александар Усик дека го измамил целиот боксерски свет.
Усик и Дубоа веќе се сретнаа во рингот во 2023 година. Тогаш борбата заврши со победа на украинскиот боксер со технички нокаут во деветата рунда. Во петтата рунд, Усик падна на подот и направи петминутна пауза по ударот под појасот од Британецот. Двајцата ќе се сретнат повторно на 19 јули на стадионот Вембли во Лондон.
Нивната борба ќе ги обедини појасите во тешка категорија. Чарлс не верува дека ударот од Дубоа бил под појасот и тврди дека Усик заслужува „Оскар“ за неговиот настап:
„Дали сте слушнале за „Оскарот“? Требаше да освоиш „Оскар“ за она што го направи таа вечер. Го измами судијата, нè измами нас и го измами целиот боксерски свет. Горд си што веруваш во Бога. Не лажи, на кој Бог му се поклонуваш“?, рече Чарлс.
Следеше одговор од Усик:
„Верувам во Исус и заслужувам Оскар“, одговори Усик.
Усик има 38 години. Тој ги доби сите 23 борби (14 со нокаут) во професионалната кариера. Во декември Украинецот во реваншот со едногласна одлука го победи Тајсон Фјури и ги задржа титулите во тешка категорија. 27-годишниот Дубоа има 22 победи (21 со нокаут) и два порази. Во февруари поради болест не можеше да ја брани светска титула на ИБФ против Џозеф Паркер.