Боксерот од Ураина, Александар Усик, во саботата по втор пат го брани појасот светски шампион во тешка категорија на ВБА, ВБО и ИБФ.
На 26 август на настанот во Полска противник ќе му биде Британецот Даниел Дубоа.
Усик во овој меч влегува како голем фаворит, без разлика што Дубоа има 19 победи на 20 меча (18 со прекин), со само еден пораз во 2020 година од Џо Џојс.
Британскиот борец ги имаше последните два меча минатата година, во јуни го победи Тревор Брајан со нокаут во четвртата рунда, а во декември го победи Кевин Лерена со прекин во третата рунда.
Тренерот на Дубоа е уверен дека Даниел ќе стигне до петтата победа во низа против Усик.
„Ако Дубоа упати само еден фер удар, Усик нема да преживее. Верувајте, го тренирав Ентони Џошуа пред Олимпијадата, тој удира силно. Џошуа е феноменален удирач, но силата на Дубоа е неизмерна. Тактиката не е тајна, Дубоа мора веднаш да го нападне Усик. Доколку Даниел биде успешен во првите пет, шест рунди, Усик би можел да се најде во неволја. Дубоа погодува поинаку од сите други“, рече Дон Чарлс и ја објасни тактиката на Даниел:
„Мора да го притисне Усик, слично како што направи Дерек Чисора. Мора да го натерате Усик во борба. Ако успее во тоа, тогаш мора да му се посвети што повеќе. На вешт фудбалер нема да му дадете многу простор, противникот мора веднаш да биде до него. Усик е вешт борец и не смеете да му дадете простор да ја води борбата. Треба да се извади од него и да се скрши“!
Во двата меча Џошуа никогаш сериозно не му се закани на Усик. Тренерот на Дубоа верува дека Еј Џеј правел се погрешно.
„Џошуа делуваше резервирано против Усик. Имаше шанса, но не ја искористи и го заврши мечот. Не сакаше да го зголемува ритамот и не веруваше во својата одбрана“,- истакна Дон Чарлс и додаде:
„Ако Дубоа го стави Усик во тешка ситуација, тешко ќе се извлече. Сум гледал што прави Дубоа на натпреварите, а неговите нокаути се само доказ. Даниел има сили да погодува континуирано, а ќе подготвиме одлична тактика. Кога Даниел ќе го однесе Усик во аголот, борбата ќе заврши“.