Тренерот на Чарлс Оливеира: Конор Мек Грегор можеби завршил со ММА

Извршниот директор на УФЦ Дана Вајт неодамна го прогнозираше враќањето на Конор Мек Грегор, наведувајќи ги „почетокот на 2025 година“, а подоцна ги префрли очекувањата на „есента оваа година“. Сепак, не сите во светот на боречкиот спорт го делат овој оптимизам за иднината на ирската ѕвезда во октагонот.

Диего Лима, менаџер и тренер на поранешниот шампион на УФЦ во лесна категорија Чарлс Оливеира, изрази сомневање за веројатноста Мек Грегор да се врати. Според него, богатството и успехот на Мек Грегор му ја намалиле мотивацијата и желбата за борби.

„Искрено, не верувам дека повеќе ќе се бори“, рече Лима во интервју за ММА фајтинг. „Конор го достигна врвот. Спортски има постигнато се, а неговиот финансиски успех е невиден за еден ММА борец. Кога ќе станете најплатениот спортист во светот, надминувајќи ги легендите како Кристијано Роналдо, Лионел Меси и Флојд Мејведер, мотивацијата за борба едноставно се губи“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО