Тренерите на Кик бокс клубот Шампион се оптимистички расположени пред денешните борби на Меѓународниот кик бокс турнир „Трофеј на Белград“ и веруваат дека во финалињата ќе има повеќе златни медали отколку сребрени.
Екипата предводена од Дејан Митровски – Урко, Александар Стевковски, Ален Зекиров и судијата Андреј Ѓоргиев смета дека младите кикбоксери се добро подготвени и ова е прилика да ги покажат своите квалитети.
Освен тоа, Митровски е уверен и во кавлитетите на останатите натпреварувачи од Гладијатор од Неготино, Гладијатор од Штип и Ас од Делчево.
Да потсетиме дека денеска од 13 наши кикбоксери 12 ќе настапат во финалните борби.