Тренерите Арсовски по бронзата на Бреслиева: КК Штип покажа дека е најуспешен клуб, а како гледачи ги водевме нашите каратисти

„Карате клубот  Штип од Штип пак докажа дека е најуспешниот клуб во нашата држава .Тоа се покажа на последното Европско првенство за кадети, јуниори и У-21 во Биелско-Бијала, Полска, освојувајќи го единствениот медал за нашата репрезентација. Душица Бреслиева со 4 победи се закити со единствениот бронзен медал, но и Љупче Михајлов со 3 победи докажа дека е во врвот на европското карате освојувајќи го 5-тото место“, велат тренерите Сашко и Жарко Арсовски по успехот на Бреслиева на ЕП и додаваат:

„Јас и Жарко, без разлика што нашата Федерација не функционира најдобро, се гледа и по резултатите, како гледачи со купени карти за посетители ги водевме од страна нашите натпреварувачи. Сепак, успеавме достојно да придонесе за нашата држава да се најде на 30-то место со еден бронзен медал на Душица Бреслиева“.

Инаку на ЕП најтрофејна беше репрезентацијата на Италија со 14 медали – 6 златни, 3 сребрени и 5 бронзени, втора е Франција 11 (6-1-4), а трета е Украина 13 (4-3-6).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО