Тренерот на Оливеира: Чарлс ќе го нокаутира Ислам Махачев во реваншот

Тренерот Диего Лима е убеден дека Чарлс Оливеира во реваншот ќе го нокаутира Ислам Махачев.

Минатата година Ислам Махачев го нокаутираше Чарлс Оливеира и го освои шампионскиот појас на УФЦ во лесна категорија во Абу Даби. Сега „До Бронкс“ заслужува реванш откако го совлада Бенеил Дариуш на УФЦ 289 во Канада.

За Диего Лима, главниот тренер и менаџер на Оливеира, ова е борбата што треба да се случи. Лима верува дека Чарлс заслужува реванш бидејќи ги заврши Дариуш, Џастин Гејџи, Дастин Пориер и Мајкл Чендлер.

„Чарлс е број 1 на рангирањето. Ако ги погледнете првите 5, Чарлс е бр. 1. Ги победи другите четворица на доминантен начин. Нема друга борба. Нема логика. Чарлс ги победи сите конкуренти. Не се работи за желба за реванш, туку за логика. Махачев е борбата. Сега, дали ќе направиме уште една борба пред тоа?

Не знам. Пориер се откажа од шансата за појасот, се бореше со Конор Мек Грегор и потоа се врати за титулата. Зошто го кажувам ова? Мек Грегор не изгледа возбуден поради можноста да се бори со Чендлер. Можеби му се допадна борбата против Чарлс и е возбуден поради тоа? Кој знае. Против него можеби ќе се бориме во полусредна категорија, а победникот ќе се бори со Махачев.

Во првата битка не му беше денот на Чарлс, туку на Махачев. Оливеира не беше тој самиот. Ништо не успеа што планиравме за него. Махачев не беше чекор понапред, едноставно не успеа. Ќе тренираме и ќе одиме таму да победиме. Видете, ќе ја промениме нашата стратегија.

Верувам во стратегиите што ги имаме. Не му одземам ништо на Махачев, тој е опасен борец. Само велам дека Чарлс не поминал добар ден. Чарлс е многу силен. Многу добро напаѓа. Затоа навистина верувам во нокаут. Чарлс ќе победи со нокаут. Ако борбата оди на партер, тогаш ќе бара завршница“, изјави Лима за ММА Фајтинг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON