Американскиот актер Џејми Фокс доби шанса да го игра легендарниот боксер Мајк Тајсон во новиот филм посветен на него. 52-годишниот актер сподели некои фотографии на кои го покажа напредувањето од ден во ден како би можел да изгледа како Тајсон во неговите најдобри години.
„Прва, но најтешка задача е да го трансформирам телото. Долго сакав да глумам во филм за животот на Мајк Тајсон и тоа конечно ќе се случи. Сега сум скоро подготвен“, напиша Фокс.
https://www.instagram.com/p/CBnT19aBWJ8/?utm_source=ig_embed
https://www.instagram.com/tv/CBjgCSNp1bN/?utm_source=ig_embed