На Меѓународниот џиу џица турнир „САЈ опен 2015“ во Сремска Кменица во Србија, Александар Трајковски (-62 кг) во јунорска конкуренција и Иван Трпковски (-60 кг) во кадетска конкуренција и двајцата од „Дан-Кју“ од Скопје ги освоија вторите места. Во финалните борби загубија од противници од Словенија.
Во многу јака сениорска конкуренција, во 6 тежински групи, имаше парична награда за првиот. Екипата на тимот „Осенсеи“ од Штип неуспеа да дојде до медал. Во категорија имало и по 20 натпреварувачи.
На турнирот имало натпреварувачи кои што се актуелни балкански и европски шампиони.
На „САЈ опен 2015“ учество земаа 33 клуба од 9 држави со околу 270 борци.
ipon.mk/В.Д.