Мартин Трајкоски и Игор Лазарески ќе се борат за супер побеник на ММА турнирот „Кинг Макрко опен“, соопштија од ММА клубот Максам од Прилеп, кој е организатор на турнирот.
„На ММА турнирот „Кинг Марко 2“ нашиот борец Мартин Трајкоски беше предизвикан за борба од Игор Лазарески-Генерал Цаки за борба.Тоа беше првичниот договор, а сега и официјално.
Наскоро, на почетокот на септември, двајцата победници од двата турнири „Кинг Марко опен“ ќе се сретнат во кафез по ММА правила. Борбата ќе биде во Струга“, вели Пеце Ангелески – Максам.
Ipon.mk/В.Д.