ЏК Сеишин денес со два натпреварувачи освои три медали на 9. Меѓународен џудо турнир „Трофеј Никшиќ-2017“ во Црна Гора, еден златен и два бронзени.
Орде Трајкоски настапи во категорија пионери -73 кг и го освои првото место и во кадетска конкуренција -73 кг и стигна до бронзениот медал. Марио Цинцароски настапи во категорија +90 кг во кадетска конкуренција е трети.
На турнирот учествуваа околу 260 натпреварувачи од 7 држави: Црна Гора, Србија, Словенија, Босна и Херцегоцина, Хрватска, Косово и Македонија, со околу 30 клубови.
Екипата на Сеишин ја предводеа Дејан Џокоски и ветеранот Киро Здравески.
Ipon.mk