Трајан Ангелов: Задоволен сум со сребрениот медал, но судијката ми го украде „златото“ (ФОТО)

Вчера Трајан Ангелов го освои сребрениот медал на Светското првенство во борење слободен стил во Е-категорија до 130 килограми, но жали за златниот, затоа што судијката на душекот му го „украла“.Во финалето Анеглов беше поразен од Русинот Зураб Красадѕе.

„Среќен сум што го освоив среброто, но мислам дека го оимав златниот медал, затоа што судијката која полгаше направи грешка оти само на мене ми додели јавна опомена со која изгубив во финалето, иако противникот беше пасивен во втората рунда. Сепак,  ова е голем успех и се надевам дека сите се радуваат и се задоволни. А ќе нагласам, тренирав на трева, односно на фудбалски стадион“, вели сребрениот Ангелов на кого ова му е четврто СП и втор медал, откако лани го освои бронзениот во Бугарија.

Трајанов вели дека не запира тука и оти најмалку уште две години ќе се бори и се надева дека ќе стане светски шампион.

„Ќе се поготвуваме со Тони Танчев за наредното Светско првенство, со мисла дека ќе забележиме поголем успех“, категоричен е Ангелов.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON