Трајан Ангелов интензивно се подготвува за трeт настап на Светското првенство за ветерани, по минатогодишниот настап во Атина, Грција, и претходно во Блеград, кое ќе се одржи во Финска од 23 до 25 септември..
Трајан Ангелов-Мечката (-97 кг, дивизија Д од 50-55 години) минатата година одржа час по спортски патриотизам, затоа што покажа како треба да се бори секој спортист за националниот тим, па макар бил и ветеран, кој со своите 53 години ги придоби симпатиите на публиката, противниците, па и судиите.
Ангелов го освои петото место, при што забележа две победи. Во првото коло го совлада Раинбах Езалотах од Иран со 9-0, а потоа и претставникот на Австралија, Лазарос Пападопулос со 10-5. Во полуфиналето беше убедливо совладан од претставникот на Јужна Африка, Кристофер Сатон, со 10-0. Тогаш од нашиот истакана дека, ако Ангелов се борел потактички, немало да се повреди и сигурно ќе ја добиел борбата за бронзениот медал, која ја избуги со 3-1 од Игор Зандепријани од Казакстан.
Во третата борба (полуфиналето) заработи сериозна повреда на десното рамо, затоа и ја предаде борбата во третата рунда со претставникот на Јужна Африка, Кристофер Сатон, што ја загуби со службен резултат од 10-0, во спротивен случај се очекуваше пласман во финалето.
За Ipon.mk, тогаш, Аце Поцев рече дека Ангелов повредата ја заработил во првата борба при зафат со фрлање, по што освоил четири бода.
„Повредата е многу тешка. Докторите не му даваа да продолжи, но по нашите молби, бидејќи желбата е поголема од болката, продолжи понатаму“, истакнуваше Поцев за волјата и храброста на Ангелов, додавајќи дека тој и судијата Илија Трајанов му биле и тренери и морална поддршка.
На СП учествува 48 држави
Ipon.mk/В.Д.