Tрагедија во Турција – џудо репрезентативец зазгина откако го поклопила лавина

Голема трагедија се случила вчера на планинатa Паландокен во Ерзурум, Турција, каде џудо репрезентацијата имала тренинг со искачување и се нашла во голема опасност поради лавина.

15 џудо репрезентативци имале утрински тренинг за издржливост на поголема височина, по што се нашле во голема опасност поради лавината која ги изненадила и четворица од нив се нашле во тешка ситуација да се борат за живот.

Несреќата донела и една човечка жртва, бидејќи 16-годишниот Емре Јазган не успеал да ги преживее последиците од шокантното поклопување од снежната лавина, иако се уште дишел кога бил откриен од спасувачите.

Преостанатите тројца џудо репрезентативци се спасиле откако сами успеале навреме да излезат на површина, а завршиле со други повреди.

Фото: https://www.facebook.com/JudoFederasyonu

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО