Трагедија во боксот: Поранешен шампион се онесвести во рингот и почина (ВИДЕО)

Уште една боксерска трагедија се случи на гала вечер во Гана. 40-годишниот поранешен шампион Габриел Оланревџу почина откако колабирал во рингот, објави Спорткафе.

Оланревџу, поранешен национален и западноафрикански шампион, падна на јажињата доцна во третата рунда за време на мечот против Џон Мбагуну во Буком арената.

Судијата веднаш сфати дека нешто не е во ред, па уште пред да заврши со броењето до 10, брзо го повика докторот во рингот.

Оланревџу водеше на поени против Мбагуну пред да колабрира.

Нигериецот бил итно пренесен во Универзитетската болница Корле-Бу, но и покрај итните напори на лекарите да го оживеат, тој бил прогласен за мртов. Според првичните информации, причина за смртта може да биде срцев удар.

Оланревџу имаше скор од 13 победи, 12 со КО, во вкупно 23 борби.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON