Традицијата продолжува: „Ден на боречките вештини“ во недела во Веро-Џамбо

vecer-na-boreckite-vestini-2

На „13 Ноември“, по повод денот на ослободувањето на Скопје, ќе се одржи „Ден на боречките вештини“ во организација на Кик боксинг федерацијата на Македонија.

Ова е продолжување на традицијата на „Ноќта на боречки вештини“ што ја организраше првиот претседател на Кик боксинг федерацијата на Македонија, Љупчо Неделковски.

Настанот ќе се одржи во трговскиот центарот „Веро– Џамбо“ и ќе трае од 17 до 20 часот.

vecer-na-boreckite-vestini

„Овој настан традиционално се одржува веќе секоја година, неколку години наназад, во соработка со град Скопје. Настанот ќе биде од заеднички интерес, со учество на неколку национални федерации и преставување на нивните спортови, кои се од голем интерес за широките маси, а со тоа воедно да дадеме поттик кај младите да се запознаат повеќе со секоја боречка вештина и да одберат некоја од нив со која би се занимавале“, велат од КБФМ.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON