Традиционалното таеквондо побогато за два црни појаси втори дан на Велковски и Димитриевиќ

Изминатиот викенд во спортската сала на таеквон-до клубот ХВАРАНГ ИТФ во организација на МТТФ (Македонска традиционална таеквондо федерација), со дозвола од ИТФ (Интернационалната таеквондо федерација) беше организирано полагање за повисоки појаси.

Овој значаен настан беше одржан под контрола на испитната комисија и претседателот на МТТФ, Марјанчо Лазаревски, носител на црн појас 5-ти дан, поранешен светски вице шампион во Прага 1996год.

„Во салата владееше позитивна енергија и возбудување, додека 27 спортисти од 4 различни клубови ги покажуваа своите вештини и напредок пред жири комисијата и своите поддржувачи. Настанот беше подготвен со голема посветеност и професионалност, а секој учесник се истакна со својата уникатност и напредок. Особено внимание привлекоа двајцата учесници кои полагаа за црн појас 2-ри дан – Давид Велковски и Божидар Димитриевиќ. Овие млади таленти се четвртфиналисти на светското првенство во Пловдив, Бугарија 2019 година и носители на бројни медали и успеси. Нивните изведби беа инспиративни, покажувајќи висок степен на техника и посветеност кон таеквон-до Итф спортот, велат од МТТФ.

Полагањето, посочуваат, вклучувало различни категории – од основни техники до напредни форми и спаринг, а учениците ги покажале своите вештини и напредок, демонстрирајќи ја важноста на континуираната пракса и дисциплина.

 

„Овој настан не само што ги поттикна учениците да ги покажат своите способности, туку и ја зацврсти заедницата на МТТФ. Претседателот Марјанчо Лазаревски, со својата експертиза и искуство, ги водеше учениците низ процесот на полагање, поттикнувајќи ги да дадат сѐ од себе и да го покажат најдоброто. Полагањето за повисоки појаси во салата на Таеквондо клубот Хва ранг ИТФ беше успешен и инспиративен настан. Успесите на учениците, особено на Давид Велковски и Божидар Димитриевиќ, се доказ за нивната напорна работа и посветеност“, додаваат од МТТФ.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON