Легендарниот боксер Флојд Мејведер се судри во рингот со внукот на познат мафијаш, Џон Готи Трети, кој сега почнува со обиди да се прослави во боксерскиот спорт.
Но, мечот во Мајами мина во тотален хаос, откако судијата Кени ги предупреди борците помалку да се навредуваат…
Но, Готи ги загуби нервите и го нападна Мејведер, по што во рингот влетаа и дел од навивачите, за се да се претвори во хаос…
Имено, легендарниот боксер без поголеми проблеми ги контролираше случувањата во рингот и со удари го зашемети противникот, вешто избегнувајќи ги неговите обиди.
Сепак, наводно сè ескалираше кога судијата Кени Бејлис ги предупреди борците да зборуваат помалку и да бидат поактивни, а потоа го прекина мечот поради премалата акција.
Во тој момент, Готи го нападна Мејведер, судијата се обиде да го заштити, но беше погоден од некои од ударите. Сепак, тоа беше капсула за општ хаос, бидејќи рингот брзо се наполни со луѓе од двата тима каде што се нападнаа едни со други. Општата тепачка продолжи на трибините, меѓу навивачите, па обезбедувањето мораше да исфрли дел од гледачите од арената.
Chaos ERUPTS after the Floyd Mayweather and John Gotti III fight was waived off 😳
(via @The_ZeusNetwork)pic.twitter.com/sRBWXTj1DM
— Yahoo Sports (@YahooSports) June 12, 2023
Инаку, мечот беше прекинат во шестата рунда, а на Готи ова му беше само трет меч и тој има две победи зад себе. Претходно се обиде со ММА, но подоцна се префрли во боксот. Што се однесува до Мејведер, ова е уште една од егзибициските борби кои ги има секоја година и од кои заработува огромна сума пари.
Breaking🚨
An “alleged” TMT member almost gets deleted by the Gotti family after sucker punching one of their guys as he was attempting to break another altercation up..Wow‼️#Boxing pic.twitter.com/7lIqEiwvOa
— AccordingToBoxing (@AccordToBoxing) June 12, 2023