Тоше Цветков (84 кг) вчера настапи во Ниш-Србија на ММА настанот „Наисус фајтинг чемпионшипс 2“ и беше поразен од Србинот Милош Костиќ. И во втора борба во ММА Тоше забележа пораз.
„Борбата помина супер. Во сотење беше моја, долу на партер со мало невнимание изгубив. Борецот беше искусен, јак и цврст. Организацијата супер. Советите од Раде Стефановски допираа до моите уши. Пробав да се извлечам, но не можев. Ова не е крај. Овие порази ме прават уште појак. Чест ми е што сум се борел против волку добар и јак борец, притоа дадов голем отпор. Не бирам борци, не местам борби, влегувам со чиста душа и срце и давам се од себе против којбило. И во иднина ќе биде така и уште појако ќе настапиме на следното натпреварување, кое ќе биде за многу бргу. Во мечот влегов мотивирано, без трема, но тоа е тоа, искуството си го направи своето“, изјави за Ipon.mk, Тоше Цветков.
Годинава тој имаше четири борби (две победи, два порази), победите се во К-1, а поразите во ММА.
Ipon.mk/В.Д.