Тоше Цветков со нови сили и памет се подготвува за борбата во Германија

tose-cvetkov-so-tetovirani-race

Тоше Цветков е сестран спортист во боречките спортови и во оваа 2016 година имаше повеќе настапи во ММА, кик бокс и бокс. Иако не се пофали со поголем успех тој вели дека во 2017 година ќе го гледаме во поинакво светло – победничко, поради новите услови за работа.

Tose Cvetkov Muskuli na SFC 2

Годинава настапуваше во ММА, а кон крајот настапи и на Државното првенство во бокс. Како ги оценуваш твоите настапи во 2016? Дали си задоволен?

Епилогот на целата 2016 година ми е катастрофа. Многу лошо. Како прво, се пријавив на доста јаки турнири во Бугарија и Грција, а проблемот беа условите за тренинг, тренерите, спаринг партнерите и работните обврски кои ми прават најголем проблем во подготвувањето. Но, тоа е што е!

Борбите поминаа добро, со тоа што секогаш од организаторот барам да ми даде поискусни и појаки борци од мене. Барем да победам некој што вреди и да видам јас до кај сум. Не сакам да ми даваат лесни борци и да се радувам на лесни победи. Но во сето тоа е добро што немав некои посериозни повреди по борбите, бидејќи повторно можев да продолжам со тренинг.

tose-i-urko

На што ти укажува искуството од 2016 година, односно што треба да направиш за врвни резултати?

Кон крајот на оваа година стапив во контакт со Андреј Ѓоргиев – Барт, кој е претседател на ММА федерацијата во Македoнија и Дејан Митровски – Урко, претседателот на Кик бокс федерацијата на Македонија, така почнав да работам во одлични услови и со добри спаринг партнери. Сега за сега се оди како што треба. Ја подигаме формата да биде врвна, ги исправаме грешките и ја појачуваме техниката и кондицијата.

dimsa-i-tose

Како гледаш на настапот на Државното првенство во бокс на кое се бореше против искусниот Александар Димовски?

Од некои луѓе добив многу критики за последниот меч во бокс на Државнто првенство во Битола против доста искусниот Александар Димовски. Од многу луѓе, затоа што во Македонија има многу стручњаци и фејсбук тренери и фајтери, а врска немаат што се случува во внатре во рингот. Потоа какво е чуството и колку е тешко подготвувањето да се излезе комплетен на рингот. Јас навистина не бев подготвен. Отидов на моја иницијатива. Од оваа моја луда глава. Тоа значеше и пораз. Уште еднаш му честитам на Димса за победата.

Сакам да се борам секоја недела, додека не ми поукне главата. Тоа е таа преголема љубов спрема овој спорт. Само тој што се натпреварува и навистина сака да се бори ќе ме разбере.

Што посакуваш да ти се случи во Новата 2017 година?

Планот за 2017 година засега е мечот во Германија во Карслуе на 25 март, каде што се борам во организација на Брацо Тасиќ. Му се заблагодарувам за укажаната шанса и поканата за борбата во кик бокс во К-1 до 90 килограми. Противникот се уште не е одреден. Одам на победа и не размислувам на ништо друго. Тренинзите ќе се засилат до максимум. Одам да дадам се од себе, а дури потоа можем да размислувам за наредна борба. Влегувам со нови сили и со повеќе памет во Новата 2017 година и се надевам само на успеси.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON