Илија Топурија го предупреди Александар Волкановски да не ја прифаќа улогата на резервен борец за претстојната борба за титулата на УФЦ 308.
Топурија (15-0 ММА) ќе ја направи првата одбрана на титулата во перо категорија против поранешниот шампион во дивизијата Макс Холовеј (26-7 ММА) во октомври во Абу Даби.
„Ел Матадор“ ја освои престижната титула на промоцијата во перо категорија во февруари годинава на УФЦ 298, кога во втората рунда го нокаутира Александар Волкановски.
На почетокот на овој месец во Австралија Волкановски изрази желба да присуствува на УФЦ 308 и евентуално да биде резервен борец за борбата Топурија-Холовеј.
„Очекувам да бидам таму, знаете на што мислам? Обично сум наоколу и им пречам на моите менаџери и на организаторите на мечевите. Секогаш сум наоколу. Не можете да се ослободите од мене. Ќе бидам таму“.
Овие коментари не беа добро прифатени од Топурија бидејќи Шпанецот е дециден дека Волкановски треба да одмори малку.
„Видете, не знам дали ова е добра идеја“, рече Топурија. „Тој сака да биде нокаутиран секоја година. Двапати, можеби некој треба да му даде добар совет. Му треба малку одмор. Ви велам, му треба малку одмор. Барем на главата“.
Иако Илија Топурија смета дека „Великиот“ треба да паузира, тој нема да се двоуми да има реванш ако нешто му се случи на Макс Холовеј:
Мојата бизнис и мојата работа е да се борам без разлика кој е пред мене“, рече Топурија. „Јас сум светски шампион. И претходно имав мои одредби дека сакам да се борам со луѓето кои се до мене на на ранг-листата за да ја добијам мојата шанса да се борам за титулата што е можно поскоро. Но, сега кога сум светски шампион, не ми е гајле. Дајте ми име. Дајте ми место. Ќе направам ремек-дело во мешани боречки вештини“.