Тони Фергусон (24-3, 14-1 УФЦ) ги реши личните проблеми и ќе се врати во борилиштето на 8 јуни на УФЦ 238 во Чикаго.
Поранешниот привремен шампион во лесна категорија ќе се бори со Доналд Цероне (36-11, 23-8 УФЦ).
„Каубојот“ минатиот викенд го порази поранешниот предизвикувач Ала Јакинта со едногласна одлука на судиите и ја забележа третиот последователен триумф.
Фергусон е во низа од 11 победи, а последната ја оставри со технички нокаут против Ентони Петис во октомври минатата година.
Во главната борба на УФЦ 238 во мува категорија Хенри Сехудо против Марлон Мораеш ќе се обиде да ја освои титулата во бантам што му беше одземена од ТЈ Дилшоу по падот на допинг тестот.
УФЦ 238:
Хенри Схудо – Марлон Мораеш – за слободната титула во бантам
Валентина Шевченко – Џесика Ај – за титулата во мува категорија
Доналд Цероне – Тони Фергусон
Педро Муњоз – Аљамаин Стерлинг
Џими Ривера – Петр Јан
Благој Иванов – Таи Туиваса
Нина Ансароф – Татјана Суарез
Катлин Чокагјан – Џоан Калдервуд
Алекса Грасо – Каролина Ковалкиевич
Калвин Катар – Рикардо Ламас
Јан Ксијаонан – ?
Бевон Луис – Дарен Стјуарт
Григориј Попов – Еди Винленд