Тони Фергусон насилен спрема жена му, полицијата го уапси

Поранешниот шампион на УФЦ, Тони Фергусон, е уапсен и обвинет за насилство над сопругата Кристина. Таа го пријавила на полицијата и побарала забрана за прибилижување. Веднаш е поведена постапка против Фергусон, а првото сослушување е закажано за 22 март.

Според американските медиуми, само во последниот месец ова е трета пријава од Кристина против Фергусон и на крај таа не можела да го издржи насилството и побарала забрана за приближување.

Минатиот месец борецот ги сменил бравите во нивниот дом и се забарикадирал заедно со 2-годишниот син. Потоа полицијата влезе во домот и виде дека станот е уништен од Фергусон.

https://www.instagram.com/p/BvB_g-IFT2c/?utm_source=ig_embed

Борецот го скршил каминот, а потоа викал дека има вграден чип во ногата и во ѕидовите и ги прскал со светена вода. Бил подготвен да ја уништи целата куќа.

Сопругата на поранешниот привремен шампион во лесна категорија Тони Фергусон побара забрана во четвртокот, бидејќи тој пројавувал семејно насилство и не бил во ред со психата. Истрагата ќе започне на 22 март, а на 5 април ќе има сослушување пред судот. Според извештаите од полицијата, пет пати имало повици поради семејно насилство во семејството на Фергусон, но ниту еднаш не го уапсиле.

https://www.instagram.com/p/BvB1JZzAg9H/?utm_source=ig_embed

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON