Тони Фергусон конечно договори борба против Хабиб Нурмагомедов, а во разговорот кажа дека не се откажал од своите ветувања и дека на крајот УФЦ потклекнал и му го дал тоа што го бараше.
Се чини дека целата ситуација околу борбата беше преговарање. Кога Дана Вајт изјави дека не може да ги исполни условите на Фергусон и дека борбата не може да се случи, изгледа дека се обидувал да ја симне цената на Фергусон. Но ако веруваме во она што го кажа, изгледа дека тој на крајот не го доби тоа. А, се доби впечаток дека за цело време за нив на УФЦ 209 имало резервирано место. Тони објасни и зошто не се откажал од своите барања и зошто мисли дека толку вреди:
„Се најдовме онаму кај што беа мои барања. Понудата на Хабибb никогаш не ја сфатив сериозно, затоа што стануваше збор за обично срање. Јас цело време преговарав со УФЦ и на крај финансиски се пронајдовме. Одработив доста во оваа категорија и сега е време нешто да ставам околу појасот. Доаѓав на работа и давав се од себе во секоја борба, дури и кога немаше вперени камери во мене. Не ми треба никој да верува во мене освен самиот јас, затоа што секој ден одам да го изработам она што сум го зацртал и гледам колку сум способен да направам. Самиот себе се растурам, за кога ќе дојде време уште посилно да растурам некој друг. Знам колку вредам, знам кои се моите бројки. Напумпаниот скор на Хабиб не е ни блиску на она што го имам јас и противници со какви сум се сретнал. Свесен сум колку вредам и од тоа не се откажав“.
Мораше да се осврне и на старото видеа на кое Хабиб се бори со мечка, но тие работи не го загрижуваат. Тој е уверен дека Дагестанецот ја нема вистинската тактика за него и дека баш сега е под притисок што да направи во таа борба.
„Тој не се борел со калифорниско горила. Не ме интересира какви мечки имаат во Дагестан, ме интересира колку родителите му ставале месо околу вратот за животните да си играат со него. Се тоа евозбуда која многу брзо ќе ја стишам и ќе ја прекинам. Јас сум тотално поразлично животно од сите што досега се има сретнато. Едвај чекам да го замолчам, зашто сега веќе премногу зборува. На секоја моја изјава одговара за две минути. Се чувствувам како да ме следи бившата, која се уште не ме преболела, и полошо од тоа. Но сето тоа е поради размислувањето што се ќе му направам. Тој веќе си прави притисок, а јас ќе го искористам. Тој притисок ќе го претворам во страв, а потоа ќе го разбијам. Сега само се молам и двајцата да стигнеме здрави до таа борба. Може сме пред главна борба, но сигурен сум дека бројаката ќе биде подобра на нашата борба. Не можам да дочекам“!
Како и да е, на 4 март сите ќе бидеме на нозе, затоа што во историјата на УФЦ се уште не е договорена борба на двајца борци на кои заедничката победничка низа е 17 борби. А на победникот ќе му припадне привремениот појас и резервирано место за борба против Конор Мек Грегор, веројатно, најголемата борба во историјата на УФЦ во лесна категорија.