Тони Фергусон го нападна шампионот во лесна категорија на УФЦ, Хабиб Нурмагомедов пред нивниот меч на 18 април во Бруклин, САД. Тој го обвини Орелот дека немал сериозни противници во неговите 28 победи на 28 мечеви.
„Тој се бореше само со слабаци“, додаде Фергусон и нагласи:„А јас победив вистински борци“. Единствениот вистински противник во неговата кариера е Барбоса. Ние жестоко се тепавме со него, но го скршив. Истото беше и со Дош Анјош, кој веќе се бори во друга категорија. Кога ќе изгуби Хабиб, ќе му кажам дека конечно се борел со вистински борец“.