Борец во лесна категорија на УФЦ, Тони Фергусон, остана без противник, откако беше откажан мечот со Хабиб Нурмагомедов на УФЦ 208 поради здравствени проблеми на Русинот.
Нов ривал на Ел Цуцуј не беше пронајден, а Фергусон инсистира да добие меч со Нејт Дијаз.
„Мојата желба е да се борам со некого, кој исто така има желба да победи. Не сакам ривал, кој е принуден да се бори со мене“, посочи Фергусон.
„Сакам да се борам со топ противник. Сметам дека сум еден од најдобрите борци во светот. Ако Конор толку многу сака да ги брка победите на боксерскиот ринг, нека ослободи појасот. Подготвен сум да се борам за него на Интернешнл фајт вик против некој друг“.
„Единствениот човек против кого би сакал да се застанам, а кој има потреба да биде научен на лекција, тоа е Нејт Дијаз. Никој друг не заслужил вистински да се испроба со мене. Јас, навивачите и сите останати би сакале да го видиме овој дуел. Битката за Калифорнија, бејби. Ајде да ја направиме“.