Тони Фергусон: Го исплашивме Хабиб, тој и Мек Грегор се пи*ки!

Тони Фергусон смета дека Хабиб Нурмагомедов е исплашен и затоа нема да се одржи борбата меѓу нив, но го поткачи и Конор Мек Грегор. 

По петти пат се откажува меч меѓу Тони Фергусон и Хабиб Нурмагомедов, никако да дојде до борба меѓу големите борци.

Овој пат настанот се откажува затоа што Хабиб во моментов е во Русија и поради затвореноста на границите поради коронавирусот не може да одлета во Америка.

За мечот требаше имаше повеќе варијанти, едната беше Дубаи (потоа Абу Даби), а другата Флорида, но Хабиб се врати во Русија откако му беше кажано дека ќе се затвараат границите во речиси сите земји во светот.

Но, Фергусон вели дека Хабиб можел да отпатува во САД и таму да се случи борбата, но не го направил тоа бидејќи е исплашен.

„Хабиб знаеше дека нема да се бори, го исплашивме јас и мојот тим. Можеше да се врати од Абу Даби, да фати авион тогаш и да дојде тука. Ова е втор пат како постапува вака. Јас осум години се убивам од тренинзи за да ја завршам работата. Јас сум „убиец“, а Хабиб и Конор се шетаат со опашката меѓу нозе како кучиња. Тие не се ни кучиња, тие се пи*чки. На Хабиб му кажав дека ќе го избришам подот со него и тој побегна. Ако не е Хабиб, ако не е Конор, подготвен сум да истепам некого. Веќе ги победив најдобрите пет во дивизијата и сега сакаат да ми дадат некој нов од топ-5? Не може така. Јас сум веќе шампион. Во светот се случуваат многу лоши работи во моментов и тоа не му го посакувам никому, но она што е сигурно, овие двајца не сакаат да се борат со мене“, изјави Фергусон.

И покрај тоа што Хабиб го откажа учеството, настанот кој е планиран за 18 април треба да се одржи, на Фергусон му бараат нов противник, при што Џастин Гејџи се спомнува како најсериозна опција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON